Европскиот парламент и земјите-членки на Европската унија вчера се согласија дека националните влади треба да го имаат последниот збор во донесувањето на одлуките за забрана на генетски модификуваните посеви (ГМО) дури и во случај ако претходно одобри Агенцијата за безбедност на храна на ЕУ.
– Земјите-членки при донесувањето одлука за ГМО може да го земат предвид својот национален контекст, но и ставовите на граѓаните – истакна европскито комесар за безбедност на храната Витенис Андриукаитис.
Конечниот одговор за ГМО треба да го одобрат парламентите и земјите-членки, но европските претставници тврдат дека по вчерашниот состанок тоа прашање не претставува значителен проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.