Лошaтa девојка од поп-музиката, Мајли Сајрус, повторно ја шокира публиката со провокативно однесување на саемот на уметноста „Базел уметност“ во Мајами Бич, Флорида. Пејачката се појави на сцената со сребрена перика, со слична фризура како Клеопатра и со тиркизна шминка на очите. Таа го исполни хит „Super Freak“ во дует со жена гола над половината. Сајрус запеа и некои песни од „Лед цепелин“, „Битлси“ и од Џони Кеш. Младата ѕвезда со публиката сподели дека за неа тие биле класици и веројатно не би им се допаднала нејзината музиката.
Мајли се пошегува со публиката: „Мислевте дека тука во Мајами Бич сте избрале сигурно засолниште за да избегате од мене! Но, нема да ви успее!“. Подоцна таа се појави со големо сончева виножито на главата. На сцената се појавија балетани, преправени како ајкули и пениси. Сајрус запали цигара-марихуана на сцената, објаснувајќи дека Мајами е идеално место за такво однесување.
На концертот присуствуваше и новото момче на Мајли, Патрик Шварценегер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.