Во експлозија на два автомобили бомби денеска во Багдад загинаа 18 лица, соопштија ирачки претставници. Мета на првиот напад била група ресторани во шиитскиот кварт Садр Сити, во кој загинале 11, а повредени се 25 лица. Неколку минути подоцна, втор автомобил бомба експлодирал во близина на еден отворен пазар во истиот кварт.
Во нападот загинале седум, а повредени се 21 лице. Од последиците на двете експлозии, повеќе автомобили се запалени или оштетени.
Ирак речиси секојдневно се соочува со бомбашки или други напади, чија мета се шиитски квартови и ирачките сили за безбедност. Одговорноста за нападите често ја презема сунитската екстремистичка група Исламска држава, која, во текот на летната офанзива, зазеде поголеми делови на северен и западен Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.