| четврток, 6 декември 2018 |

9 декември договорен како украински „Ден на тишината“

украинаКанцеларијата на украинскиот претседател и проруските сепаратисти соопштија дека од 9 декември целосно ги прекинуваат борбените дејствија во источна Украина за да се обидат да им стават крај на крвопролевањата, пренесоа француските медиуми.

– Од 9 декември, „Денот на тишината“, почнува да важи режимот за прекин на огнот, соопшти во коминике претседателството по средбата на претседателот Петро Порошенко со шефовите на безбедносните министерства и институции.

– Доколку овој режим се почитува од 10 декември ќе почне повлекувањето на тешкото вооружување (од линијата на фронтот), изјави извор од претседателството. Тој прецизира дека станува збор за процедура која е предвидена во мировните договори, што во септември беа постигнати во Минск.

Властите во самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ за руските медиуми ги потврдија информациите за прекин на борбените дејствија.

– Групата, која вклучува украински и наши војници, со посредство на ОБСЕ и на Русија, се договори прекинот на огнот да важи од 9 декември, рече претседателот на Народниот совет (Парламентот) на „ДНР“ Андреј Пургин.

Претседателот на „ЛНР“, Игор Плотницки, не така уверливо, забележа дека станува збор за усна спогодба и дека до овој момент не е потпишан документ во таа смисла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top