| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во Базел: Прашањето не е дали ангажманот на ОБСЕ е доволен, туку што може ОБСЕ повеќе да направи во Украина

poposki bazelМинистерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на првиот ден од средбата на министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се одржува во Базел, Швајцарија – земјата претседавач со ОБСЕ во 2014 година.

Како што информира МНР, Попоски на своето обраќање се осврнал на улогата на ОБСЕ како најголема безбедносна меѓувладина организација, истакнувајќи го нејзиниот значаен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста.

Состојбата во Украина била една од главните теми на денешната дискусија. Во тој контекст, министерот Попоски истакнал дека главното прашање кое се поставува во моментот не е дали ангажманот на ОБСЕ е доволен, туку што може ОБСЕ повеќе да направи.

Шефот на македонската дипломатија денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Естонија, Кеит Пентус Росиманус, а остварил и повеќе неформални средби со своите колеги. Утре е предвидено да се сретне со генералниот сескретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, со високиот комесар за национални малцинства, Астрид Торс, и со претставникот за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top