Дирекцијата за заштита и спасување попладнево на воениот полигон Криволак, уништи голем број убојни средства кои пред шест месеци беа пронајдени на целата територија на Македонија, пренесе Нова Македонија.
– Беа уништени 207 артилериски гранати со калибар од 75 до 205 милиметри, 40 противавионски бомби и 20 рачни бомби од различно потекло- велат од Дирекцијата.
Исто така, беа уништени и 170 килограми експлозив од Македонски шуми со поминат рок, како и 1 418 детонаторски каписли и 1 862 метри фитил. Целокупната операција ја извршија пиротехничари од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје, Битола и од Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.