Европскиот пакет за помош на Грција, од кој земјата требаше да излезе овој месец, мора да биде продолжен, изјавил неименуван европски дипломат. Иако Грција се надева дека до крајот на годинава ќе успее да излезе од Меморандумот, шансите за тоа се се помали, пренесуваат медиумите во Грција.
– Постои голема потреба од техничко продолжување на траењето на програмата- ја пренесуваат некои светски агенции изјавата на анонимниот извор, кој зборувал за пакетот помош во вредност од 240 милијарди евра кој требаше да заврши на 31 декември годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


