Бунтовничките сили во Источна Украина бројат 32 илјади лица, од кои 10 илјади се руски војници, соопшти украинското Министерство за одбрана.
– До денес 32.400 лица се борат на територија на Донбас. Меѓу 6.000 и 10.000 од нив се војници од руските вооружени сили, а другите се платеници од странство и локални жители. Во изминатите денови се убиени 299 руски војници, а 190 се ранети во борби во реонот на аеродромот во Доњецк, каде со месеци се водат жестоки судири- изјави претставникот на Генералштабот на украинската армија Олександр Розмазнин.
Меѓу платениците најмногубројната група е составена од Чеченци, верни на претседателот на таа република во рускиот Кавказ Рамзан Кадиров, по кои следат руските козаци, истакна Розмазнин. Освен Руси, украинската армија заробила платеници од Израел, Србија, Шпанија, Италија и дури од Бразил, рече претставникот на украинскиот Генералштаб. Неговите изјави не можат да се потврдат од независен извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


