| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ќе ги ограничи хонорарите за актерите

Vincent-MaravalФранцускиот национален центар за Филмот (ЦНЦ) сака да ги ограничи хонорарите на актерите, режисерите и на сценаристите, пишуваат француските медиуми. Управниот одбор на ЦНЦ деновиве усвоил и резолуција во таа насока, поред која ако хонорарот на актерот, реализиаторот или сценаристот на филмот надминува извесен процент од финансискиот план на филмот, истот филм повеќе нема да може да бара поддршка од јавните фондови со кои располага ЦНЦ.

Пред две години Вансан Маравал ја разбранува француската јавност со текст во „Монд“ околу платите на француските ѕвезди на седмата уметност.

„Зошто еден рениомиран француски актер, кој се вика Ванасан Касел, Жан Рено, Марион Котијар, Гад Елмалех, Гијом Кане, Одре Тутѕ, Леа Сејду, за еден француски филм, кој остаува ограничен само на француските граници, добива хонорари од 500 000 до 2 милиони евра, додека кога снимаат во америкнаски филм, чиј пазара е целиот свет, се задоволуваат со хонорари од 50 000 до 200 000 евра?“, напиша тогаш продуцентот на оскаризираниот филм „Уметникот“.

Ова прашање ги поттикна институциите кои го поддржуваат филмот да започнат размислување за начинот на неговото финансирање. Најпрво беше изработен извештај по барање на министерството за култура, чии заклучоци беа претставени пред професијата. Едниот од заклучоците се однесува на „диспропорционаланта уметничка цена преку јавната помош“.

Според новите правила, ЦНЦ повеќе нема да ги помага-финансира филмовите чија цена е помала од четири милиони евра, ако хонорарот на ѕвездата надминува 15 отсто од цената на продукцијата, односно 600.000 евра. Процентот се спушта на осум отсто за филмовите чија продукција е меѓу четири и седум милиони евра, и пет проценти ако таа е меѓу седум и десет милиони евра. Додека за филмовите со вредност од над десет милиони евра за продукција, хонорарот максимално може да изнесува 900.000 евра.

Франција има сопствен систем за финансирање на филмската уметност во светот, комбинација на аванс од приходите, регионална помош, како и обврска на телевизиските канали да финасисраат филмови. ЦНЦ од своја страна зема 10,7 отсто од цената на секој продаден билет во кината, средства кои потоа служат за финансирање на нови филмови. Дирекцијата за конкуренција а Европската комисија во ова гледа индиректна субвенција за техничките индустрии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top