Во Њујорк се уапсени 83 лица за време на протести, кои се одржани поради судска одлука да не биде казнет еден полицаец белец кој е вмешан во смртта на граѓанин црнец.
Некои од демонстрантите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.
Во јули оваа година Ерик Гарнер, татко на шест деца и осомничен за шверц на цигари, бил нападнат од неколкумина бели полицајци откако им се спротивставил при неговото апсење.
Еден од полицајците го притиснал силно за вратот, иако тоа е забрането во њујоршката полиција. Гарнер, кој имал прекумерна тежина и страдал од астма, неколкупати се пожалил дека не може да дише, по што ја загубил свеста. Веднаш потоа му била констатирана смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


