| четврток, 6 декември 2018 |

Седумнаесетгодишна девојка хоспитализирана на Инфективна поради грип

infektivna

На Клиниката за инфективни болести оваа сезона се хоспитализирани првите пациенти поради компликации од грип. Една од нив е 17-годишна девојка кај која лабораториски било потврдено присуството на вирусот. За останатите пациенти со респираторни инфекции лекарите сѐ уште чекаат анализа на примероците. Досега во ИЈЗ регистрирале 883 случаи со клиничка слика на грип. Само последната недела биле пријавени 193 заразени.

– Имаме зголемување на бројот на заболени и во однос на минатата сезона бројката е за 2,5 пати поголема. Годинава грипот почна многу порано и тоа се должи на фактот што имаме многу повеќе заболени или, пак, на подобреното пријавување – изјави Гордана Кузмановска од ИЈЗ

Во лабораторијата на ИЈЗ кај 7 пациенти е потврдено присуството на грип. Од примероците, пак, кои биле испратени од Пулмологија за пациенти со тешка клиничка слика, не било утврдено присуство на вирусот.

Најмногу од заболените оваа сезона има во Тетово – 356. Во осум града во земјата досега не е пријавен ниту еден случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top