| четврток, 6 декември 2018 |

„Филхармонија на кирилица“ вечерва на сцената на МОБ

Најновото симфониско дело на Александар Пејовски, „Делфинови солзи во ветрот-големиот бран“, вечерва ќе биде изведено на сцената на Македонската опера и балет на концертот „Филхармонија на кирилица“. На истиот концерт ќе биде изведена и композицијата „Психофонија 1“ од Ристо Аврамовски. Како солисти ќе настапат четворица истакнати македонски музичари од различни генерации: Божидар Пејиќ,  Михајло Куфојанакис, Нинослав Димов, Марија Ѓошевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top