Санкциите се штетни за сите страни, вклучително и за тие што ги воведуваат, предупреди денеска Путин во годишното обраќање во Рускиот парламент.
Во 11. обраќање во парламентот Путин нагласи дека бесмислено е да ѝ се приговара на Русија од позиција на сила, и го обвини Западот дека лицемерно го прикрива државниот удар во Украина со изјави за човекови права.
– Русија ќе ја почитува Украина како братска држава, но случувањата покажаа дека нашата политика за таа држава е правилна. Крим е составен дел на Русија – нагласи Путин.
– Русија нема да дозволи да ѝ се случи југословенското сценарио, како што не му дозволи ниту на Хитлер – наведе Путин.
Рускиот претседател објави дека државата му е отворена за светот.
– Никогаш нема да одиме по патот на самоизолација, бидејќи тоа би било признак на слабост – истакна тој.
Државната дума и Советот на Федерацијата, двата дома на Федералното собрание (руски парламент) се собираат на заедничко заседание во годината за време на обраќањето на претседателот на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.