Во Иран, каде што социјалните мрежи се строго контролирани и каде што луѓе се апсени поради некои работи што ги објавуваат на нив, еден татко е осуден на смрт со бесење. Сохејл Араби на Фејсбук поставил фотографија на која со ќерка му се допираат со носовите, а осуден е бидејќи таа фотографија се смета како навреда за Мухамед.
Врховниод суд на Иран ја поддржал одлуката на кривичниот суд во Техеран дека Сохејл Араби(30) треба да биде обесен поради фотографијата која ја поставил на Фејсбук. На фотографијата тој и неговата ќерка Рохан се допираат со носовите.
Во август оваа година Сохејл Араби бил осуден поради навреда на пророкот (Мухамед). Молбата за повторно разгледување на неговиот случај, која ја поднеле неговите адвокати, била одбиена.
– Ужаснувачки е кој било да биде осуден на бесилка само поради тоа што на интернет поставил нешто за што се смета дека е непристојно и навредливо. Иран, што побргу треба да поработи на своите казнени мерки и да исфрли одредени одредби кои изразувањето на слободната волја го набљудуваат како злосторство, особено кога станува збор за смртна казна – вели Ерик Голдштајн, заменик директорот на организацијата „Хјуман Рајтс Воч” за Блискиот исток и Северна Африка.
Сопругата на Сохејл, Настаран Наими, им раскажала на луѓето од оваа организација дека агентите за безбедност, кои се поврзани со иранската Револуционерна гарда, ги уапсиле и неа и сопругот во ноември 2013 година.
Настаран била набрзо ослободена, а Сохејл бил префрлен на одделението со кое управува Револуционерната гарда, каде што два месеци бил држен во самица и испитуван без присуство на адвокат.
Кога во август 2013 година Хасан Рухани стана претседател на Иран, иранската разузнавачка служба и службата за безбедност го засилија контролирањето на интернетот, а казните за блогери и оние кои ги користат социјалните мрежи се особено поостри.
Ниту оние кои го користат Јутјуб не се сигурни. Во мај, полицијата уапсила четири млади мажи и три девојки поради објавување на свои верзии од песната „Happy“. Истиот месец се осудени осум корисници на Фејсбук на затворска казна од осум до 21 година. Причините главно биле од верска природа.
За да му се помогне на овој татко, кој само сакал да сподели момент на нежност со својата ќерка, на Фејсбук е направена група за „моментално ослободување на Сохејл Араби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.