| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк на нозе поради убиство на Црнец од страна на полицаец

Илјадници демонстранти го прекинаа сообраќајот на улиците во Њујорк, при што се уапсени 32 лица откако големата порота одлучи дека нема да подигнува обвинение против  29-годишен полицаец Даниел Пантелео, вработен во њујоршката полиција, во јули на улица го убил 43-годишниот црнец Ерик Гарнер.

Полицаецот во јули на улица во Стејт Ајсланд, најмалата њујоршка општина, пред многубројните шокирани минувачи со рацете го задавил Ерик Гарнер, кој продавал шверцувани цигари, а американското Министерство за правосудство извести дека ќе спроведе истрага за тоа дали се повредени граѓанските права на Гарнер, кој инаку пател од астма.

Претежно мирните протести почнаа во средата навечер во разни делови на Менхетен, на „Тајмс сквер“, пред центарот „Рокфелер“ и на главната железничка станица. За разлика од протестите одржани пред две седмици во Фергусон, откако исто така големата порота го ослободи од судски прогон 28-годишниотбел полицаец Дарен Вилсон, кој во август со шест истрели го уби 18-годишниот Афроамериканец Мајкл Браун, за кој се тврди дека бил невооружен, каде што избувнаа насилни протести, во Њујорк до четвртокот наутро се уапсени 32 лица. Според медиумите, било очигледно дека полицијата се воздружува од премена на поостри мерки откако им дозволила на демонстрантите накратко да го блокираат сообраќајот во Њујорк, каде што живеат 8,5 милиони луѓе.

„Околу 32 лица се уапсени, сите во близина на центарот Рокфелер, откако демонстрантите се обидоа да ја пробијат полициската бариера“, вели за „Волстрит џурнал“, портпаролот на њујоршката полиција, Стивен Дејвис.

Според некои информации, полицаецот Пантелео за време на приведувањето на Гарнер употребил зафат кој во њујоршката полиција бил забранет пред дваесет години, што придонело за смрт на црниот маж кој боледувал од астма. Видеото од приведувањето на Гарнер снимено од случаен минувач беше објавено на интернет што предизвика нови изливи на гнев во американското општество.

Одлуката на големата порота во Њујорк претставува и голем предизвик за демократскиот градоначалник Бил де Блазио, кој на должноста стапи во јануари 2014 година и тогаш вети дека ќе се ангажира на поправувањето на напнатите односи меѓу њујоршкото црно население и полицијата, а изминатата ноќ ги повика њујорчани мирно да протестираат.

Последниот случај на несоодветна реакција на американските правосудни орани на случаи кои активистите за човекови права ги означуваат како примери на полициска бруталност и насилство, го поттикна и претседателот Барак Обама да се осврне на проблемот на недовербата меѓу малцинските заедници и полицијата. Некоментирајќи го директно случајот на Гарнер, Обама изрази загриженост бидејќи многу припадници на малцинските заедници сметаат дека од полицијата не можат да очекуваат чесна постапка. „Нема да се откажеме додека не видиме зајакнување на довербата и одговорноста меѓу нашите заедници и силите на редот“, порача челникот на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top