Кошаркарите на Филаделфија 76 ја забележаа првата победа во новата сезона во НБА и ја прекинаа серијата од 17 порази. Ноќеска првпат се радуваа против Минесота по триумфот од 85-77, а ги предводеше капитенот Мајкл Картер Вилијамс со 20 поени.
Филаделфија за влакно избегна место во историјата на НБА, во негативна смисла, како екипа со најмногу порази во серија на почетокот од една сезона. Тие го израмнија сопствениот рекорд со 17 неуспеси по ред, а сепак останува најлошиот резултат за Бруклин нетс, или поранешни Њу Џерси нетс со серијал од 18 порази во низа.
На победа се радуваше и Перо Антиќ со Атланта хоукс против Мајами со 112-102. Тоа е втора победа за кус рок во меѓусебните дуели, а Антиќ одигра околу 20 минути и постигна 4 поени.
Резултати: Минесота – Филаделфија 77-83, Шарлот – Чикаго 95-102, Вашингтон – Лос Анџелес лејкерс 111-95, Бостон – Детроит 109-102 (по продолжение), Бруклин – Сан Антонио 95-93 (по продолжение), Мајами- Атланта 102-112, Хјустон – Мемфис 105-96, Милвоки – Далас 105-107, Јута – Торонто 104-123, Лос Анџелес клиперс – Орландо 114-86.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



