
Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави дека смета дека одлуката на претседателот на Русија, Владимир Путин за откажување од проектот „Јужен тек“ не е конечна.
– Ги следам случувањата со големо внимание. Мислам дека тоа не е конечната одлука бидејќи алтернативните решенија (на „Јужен тек“) немаат никаква смисла од економска гледна точка – изјави Ходорковски за програмата на италијански јазик на телевизијата „Еуроњус“.
Ходорковски е политички противник на Путин, кој долго време беше затворен во работен камп во Русија, а сега живее во Швајцарија.
Путин во понеделникот, за време на посетата на Анкара, соопшти дека Русија се откажува од реализација на проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ и дека својот извоз на гас ќе го пренасочи кон други пазари, пред сè кон Кина и Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


