| четврток, 6 декември 2018 |

Облачно, без поголеми услови за дожд

oblacno-630x470

Претежно облачно време се очекува и во четврток. Но, врнежи се можни во делови од источниот крај и тоа, пред сè, во текот на претпладнето. Западниот крај очекува и повремени сончеви периоди. 

Според „Метеопро“, максималната температура во Македонија ќе има вредност 11 Целзиусови степени низ поголем дел од котлините. Топло ќе биде и на повиските места, каде што максималната температура ќе има вредност 9 Целзиусови степени.

Во Скопската Котлина се очекува претежно облачно време, без поголеми услови за дожд. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 11 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top