Клаудио Гил Аралјо, лекар од Бразил тврди дека открил тест кој за само неколку секунди може да предвиди уште колку години живот ни остнува. Тој неколку години наназад работи со пациенти кои имаат проблеми со координација и рамнотежа. До идеја да направи тест кој врз основа на покретливоста би пресметал уште колку години живот и останал на личноста дошол токму додека ги набљудувал своите пациенти, особено оние постарите кои имале проблеми со рамнотежата, станувањето или допирање на предмети.
Што треба да направите?
– Облечете што полесна облека и боси застанете на рамна површина со доволно простор околу вас.
– Без потпирање седнете во турско седење, со скрстени нозе.
– Обидете се да станете без користење на рацете, колената или лактовите.
Оваа вежба делува како нешто основно во дијагностицирањето, но др Аралјо тврди дека врз основа на тоа може да ја предвиди должината на животот на своите пациенти.
Тој тестирал повеќе од 2.000 лица на возраст од 51 и 80 години. Пациентите кои имале резултати помалку од 8 имале двојно повеќе можност да умрат во следните шест години. Оние, пак, кои на тестот имале помалку од 3 поени имале дури пет пати повеќе изгледи да умрат во истиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.