| четврток, 6 декември 2018 |

Момент на вистината: Објавена снимка која докажува дека капетанот на „Конкордија“ лаже (видео)

Испитувањето на поранешниот заповедник на „Конкордија“, гоко италијанските медиуми го нарекоа Капетан Кукавица, продолжи во средата пред судот во Гросето за да се открие зошто толку доцна наредил евакуација на бродот, во чиј бродолом загинаа 32 лица.

На судењето била прикажана нова видеоснимка која ја снимиле италијански пожарникари, а која ги демантира наводите на капетанот дека налетал сосема случајно на бродот за спасување. Снимката го прикажува капетанот во костум и машна како мирно чека да се качи на чамецот за спасување и да побегне од бродот што тоне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top