| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки измами – починати земале пензии

Focus Titelbild / 22.2.2010

фото: насловна страница на германски „Фокус“

Седуммина поранешни грчки пратеници, 25 свештеници, 92 некогашни градоначалници и регионални управители, 420 државни службеници, 243 офицери и 366 воени ветерани примаат пензии иако со години веќе не се меѓу живите или, пак, не ги исполнуваат условите за пензионирање, објави атинскиот весник „Имерсија“.

Според весникот, до ваквото сознание е дојдено по проверка извршана од страна на грчкото Министерство за финансии. Проверката била иницирана откако било утврдено дека државата исплаќа 2.368 пензии повеќе отколку што има пензионери, според резулатите од пописот на населението.

Според Министерството, со ваквите пензии државата била оштетена за 24 милиони евра.

Министерството претпоставува дека до овој пропуст дошло бидејќи нивните роднини „заборавиле“ да пријават дека починале или, пак, самите лажни пензионери пропуштиле да информираат дека не ги исполнуваат условите за пензионирање.

Минатата година Грција престана со исплата на околу 200.000 пензии, кои биле исплаќани на име на починати лица или врз основа на фалсификувана документација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top