| четврток, 6 декември 2018 |

Во Мајданпек постепено се пушта струјата

Жителите на Мајданпек по 48 часа постепено добиваат струја, бидејќи ЕСП ги стави под напон трафостаниците во градот. Поради невремето и падот на далекуводот, овде два дена немаше струја, греење и вода, а комуникациите на мобилната телефонија беа можни само преку мрежата на „Теленор“.

Според информациите на терен, дефектите овие денови се нижеле еден по друг, бидејќи временските услови беа мошне тешки, со леден дожд и силен ветер.
Пристигна помош од храна и вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top