| четврток, 6 декември 2018 |

Украинците криеле нов Чернобил: Хаварија во нуклеарна централа уште од петокот!

Хаваријата се случила во електраната Запорожје, најголемата нуклеарна електрана во Европа. Премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук, само што ја известил новата украинска влада дека избил инцидент во нуклеарната електрана Запорожје, на југоистокот на Украина, најголемата нуклеарна електрана во Европа, јавува Russia Today.

Хаваријата на реакторот со сила од 1.000 мегавати во блокот 3 се случила уште во петокот, а властите тоа го криеле до денес, па го откриле на првата седница на новата влада на Украина, јавува Russia Today.

Инцидентот во нуклеарната електрана наводно бил помал, а реакторот бил исклучен.

“Не постои закана, нема проблем со другите реактори”, изјавил на брифингот министерот Демчишин. Тој додал и дека дошло до дефект на излезниот систем кој “на ниеден начин” не бил поврзан со самиот процес на производство на струја.

Знам дека се случила хаварија во нуклеарната електрана Запорожје”, изјавил Јаценјук и побарал од министерот за енергетика побрзо да установи кои чекори ќе се преземат за проблемот да биде решен, пренесува Reuters.

Проблемот се случил во блокот 3, каде што има реактор од 1.000 мегавати, кој веќе бил исклучен и требало да биде вратен во функција на 5. декември, известува Interfax.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top