Научниците на НАСА тврдат дека оваа година би требала да биде врв на 11- годишниот циклус на соларни активности, но се изненадени од активноста која е пониска од очекуваната. Имено, бројот на сончевите дамки е далеку помал, а соларните ракети не се толку зачестени.
На сликата на Сончевата страна која е свртена кој Земјата, снимена на 28 февруари, се гледаат само неколку сончеви дамки, а вообиачено е на споменатиот врв на активности таа страна да биде поактивна.
Меѓутоа, Дин Песнел од центарот за вселенски летови „Годард“ тврди дека ова е затишје и дека врвот на активности допрва доаѓа. Смета дека ова е соларниот максимум, но дека станува збор за нетипично однесување на Сонцето и дека е вообичаено соларната активност да варира во циклусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


