Светскиот фонд за природата (WWF) денеска ги објави резултатите од истражувањето за тоа дека опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање веќе кон крајот на овој век, ако не се намали емитувањето на штетните гасови кои ја загреваат климата во светот.
Климатските промени се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми во Северниот Леден Океан, предизвикувајќи големо намалување на бројот на поларните мечки.
На поларните мечки им се заканува глад и неможност за размножување низ целиот Канадско-арктички архипелаг.
Четвртина од поларните мечки во светот живеат на тој архипелаг, каде има морски мраз преку цела година, но дури може и тука да се случи мразот да се истопи во наредните децении, што би го загрозил опстанокот на мечките, пишува во извештајот, што е објавен денеска во научното списание „Плос Оне“ со поддршка на WWF.
Со помалку ледени провршини, на мечките им се намалува и пристапот до пленот.
Студијата покажа дека до 2070 година, повеќе од 80 отсто од мразот на архипелагот може да исчезнува во јули, така што мечките ќе мораат порано да се повлечат на копно.
Но, иако тениот мраз е подобро живеалиште за фоките кои се главен плен на мечките, таквиот мраз не трае доволно долго за да можат поларните мечки да ги ловат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Според истражувањето на експертите овие 10 земји нема да ја дочекаат 2035 година, дали сме ние меѓу нив?
-
Брат и сестра исчезнале: се пријавиле на аеродром и по експлозијата им се губи секоја трага (фото)
-
Во следните три века ќе исчезнат повеќе мегаполиси
-
Погледнете кои професии ќе исчезнат во иднина