| четврток, 6 декември 2018 |

Коко Шанел била нацистички шпион

coco-chanel-new

Коко Шанел работела како шпион за нацистите, за време на Втората светска војна, пишува „Дејли Меил“.

Писмениот доказ беше јавно покажан за прв пат синоќа во документарен филм, емитуван на француска телевизија. Според доказот, покојната модната дизајнерка била член на Абвер – тајното воено разузнавање на Адолф Хитлер. Документарниот филм покренува прашања во врска со улогата и на други француски личности за време на Втората светска војна, вклучувајќи ја пејачка Едит Пјаф и Морис Шовалие, како и драматургот Саша Гитри.

piaf

Филмот „Сенка на сомнеж“, емитуван на канал „Франс 3“ синоќа, е спротивност на тврдењата на претставник на француската влада, според кого речиси сите познати личности во тоа време или се приклучиле кон отпорот или едноставно ги бојкотирале нацистите.

Според филмот, Коко Шанел почнала да работи за нацистите за време на распадот на француската армија во 1940 година. Набргу потоа таа се враќа во Париз и се преселила да живее во хотелот „Риц“ кој се користел како штаб во Франција на нацистичките воени- воздушни сили Луфтвафе во тоа време.

Малку потоа Коко започнува врска со висок офицер на Гестапо, по име барон Ханс Гинтер фон Динклаге и станува многуу блиска пријателка со нацистичките лидери. Потоа е испратена во Мадрид во 1943 г, каде го користи старото пријателство со Винстон Черчил во обид да постигне примирје со штрајкувачите британски војници, распоредени таму.

Тврдењата во документарниот филм дека Пјаф, Шовалие и Гитри исто така биле поврзани со нацистите, не се толку веродостојни и се поврзани најмногу со идејата дека кариерите на ѕвездите цветаше во окупирана Франција. Пјаф дури прифатила две покани за приватни концерти за нацистички функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top