| четврток, 6 декември 2018 |

Почина кошаркарскиот тренер Ацо Петровиќ

Поранешниот тренер на Црвена Звезда Ацо Петровиќ по долго и тешко боледување почина на 55-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Тој боледувал од амиотрофична латерална склероза, што е невролошка болест која предизвикува атрофија на мускулите.

Петровиќ се лечел две години, но безуспешно.

Во текот на својата кариера најголема трага остави во Црвена Звезда, а бил помошник на Светислав Пешиќ во селекцијата на Југославија со која освоиле златен медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top