| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ако студентите повторно протестираат јасно е дека се партиски мотивирани

Премиерот Никола Груевски коментирајќи ги најавите за нови протести од студентите посочи дека сега станува кристално јасно со какви цели би се одржал следниот протест.

–  Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС – истакна Груевски на денешното засадување на дрво во општина Аеродром.

Според премиерот едни исти лица се појавуваат на сите протести против Владата и себеси се претставуваат и како студенти и земјоделци и стечајци.

Груевски повтори дека концептот на државниот испит има за цел да не може да се добиваат високи оцени без да се научи на сметка на оние кои навистина се трудат, учат и заслужуваат десетки.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top