Менструалната чашка е за повеќекратна употреба и изработена е од мек медицински силикон. Се става пониско од тампонот и за разлика од дејствувањето на тампонот кој ја апсорбира течноста, чашка ја собира. Тоа значи дека не предизвикува сушење или иритација. Освен тоа собира три пати повеќе од тампонот. Бидејќи е за повеќекратна употреба, ви треба само една и така заштедувате пари и не ја загадувате животната средина.
Чашката се собира, се става во вагината и се вади за празнење и дезинфекција еднаш на 8 часа. Таа е припиена околу ѕидовите на вагината, па така крвта се слева директно во неа, без мирис и без протекување. Удобна е и безбедна, може да се користи во текот на ноќта, за време на пат, пливање, вежбање.
Медицинскиот силикон, од кој е изработена менструалата чашка, ја спречува веројатноста од појава на било какви здравствени проблеми, воспаление, чешање, алергии, СТШ (синдром на токсичен шок, поради неправилна употреба на тампони) и др. Ова е причината менструалниот чашка да се препорачува на жени со многу чувствителна кожа и склони кон алергиски реакции.
Со правилна употреба, се користи помеѓу 5-10 години. Има оптимална големина, дизајн со мазна површина за лесно користење и одржување.
Бидете внимателни за да ја изберете вистинскита големина во согласност со следниве информации:
S (мали) – погодна за жените кои не родиле или жени на возраст под 25 години.
L (голема) – погодна за жени кои родиле или се на возраст над 25 години.
Менструалната чашка е идеална за секој ден од циклусот, за време на патување, спиење, пливање. Менструалната чашка може да се користи дури и ако имате спирала. Со менструалната чашка можете да носите било каква облека за време на месечниот циклус, да спиете мирно, без да се плашите дека ќе има некаков проблем, да правите различни вежби и дури да пливате во базен. Препорачливо е по купувањето на менструалната чашка еднаш да ја извриете 5 мин. Ова може да го правите по ваша желба и по крајот на секој циклус или едноставно да ја миете само со сапун. Сапунот би било добро да не е миризлив или антибактериски, за да не ја наруши флората.
Менструалната чашка во вагината се става како тампон. Веројатноста за непријатно чувство е минимална, бидејќи менструалната чашка е мека и се прилепува на ѕидовите на вагината. Со измиени раце странично притиснете ја чашката со прсти. Потоа свиткајте ја уште еднаш, опуштете се и поставете ја. Сега веќе може да ја пуштите и нежно завртете ја и таа ќе ја добие оригиналната форма. За разлика од тампоните, менструалната чашка се става ниско во вагината. Менструалната чашка во долниот крај има нешто како рачка со должина 25 мм, која ја игра улогата на помошно средство при вадењето на чашката. Стиснете ја со прстите, протресете ја лево и десно чашката, така да исчезне ефектот на вакумот и извлечете ја чашката.
Менструалната чашка не се препорачува за девици, како и за употреба непосредно по породување. Менструалната чашка не е погодна и за жени кои страдаат од ендометриоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.