| четврток, 6 декември 2018 |

Слободно пијте по една чашка алкохол дневно, нема да имате деменција

Педесетгодишните лица кои дневно пијат умерена количина алкохол имаат 25 отсто помали шанси да заболат од деменција, вели најновото истражување.

Лицата кои пијат три до пет шолји кафе дневно имаат 65 отсто помал ризик да заболат од деменција, за разлика од оние кои воопшто не внесуваат кофеин, покажува истражувањето спроведено на универзитетот во Калифорнија.

Истата студија, која беше објавена на вебсајтот на Американското списание за епидемологија, покажала дека педесетгодишните лица кои дневно консумираат умерена количина на алкохол имаат 25 проценти помали шанси да дојдат до ситуација во која ќе ги заборават своите дневни обврски.

Научниците одредиле дека поимот „умерено”, кога е во прашање алкохолот, за здравите лица значи – 15 чашки неделно, а максимално до пет чашки алкохол дневно за мажи и четири чашки за жени.

– Лицата кои имаат здравствени проблеми не треба да консумираат алкохол поради можноста од негативни интеракции со лековите, а останатите можат да уживаат во чаша пиво или црвено вино, бидејќи алкохолот докажано ја подобрува здраствената состојба – вели Арум Карламангал, одговорно лице на студијата при универзитетот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top