На територија на општина Бутел денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ ќе се засадат вкупно 650 садници.
Почетокот на акцијата со засадување дрвца кај кружниот тек во општината го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски.
– Акцијата за пошумување на Република Македонија стана препознатлив симбол на нашата држава и од година во година добива се пошироки размери. Денеска со жителите на општина Бутел засадивме дрвца за разубавување на општината. Ова ќе стане традиција и понатаму оваа општина и сите општини во Република Македонија, како и Владата, ќе даваат поддршка за пошумување и сочувување на животната средина – изјави Ставрески.
Истакна дека е најважно што во акцијата се вклучени и децата од општината со што кај младите се внесува желба за сочувување на животната средина и љубов кон природата. Според него, тоа е значајно бидејќи со климатските промени и се што се случува очигледно е дека сите треба да посветиме повеќе внимание на животната средина.
Градоначалникот Латиновски потенцира дека оваа акција ја постигнува целта бидејќи покрај масовното вклучување на граѓаните, има и едукативен карактер вклучувајќи ги и најмалите учесници во градинките и школите.
– Имаме создавање навики. Свеста полека од ден на ден, токму со овие акции, се развива кај населението, изјави Латиновски.
На територијата на Општина Бутел се садат дрвца во дворовите на градинките, училиштата, кружниот тек, парковите, но, според градоначалникот, е важно што интерес за садење на дрвца е пројавен и во круговите на стопанските објекти кои функционираат на територијата на општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба
-
Стигна дрвото „Гинко“ што ќе стои на местото на Ќосето: Делегација од Нинберг ќе го засади на 5 мај
-
На местото на споменикот на Ќосето ќе никне дрво „за човекови права“ од видот „Гинко“
-
Изберете дрво и дознајте што ќе доживеете во 2018-та година