Две деца и едно возрасно лице загинаа додека 23 лица се повредени на автопат во Тенеси во судир на два автобуса од кои еден превезувал деца од средно, а другиот од основно училиште.
Полицијата засега не соопшти за причина за несреќата во која едниот автобус се превртел.
Од повредените 23 лица тројца се во критична состојба и се хоспитализирани во Медицинскиот центар во Тенеси.
Според портпаролка на Детската болница во Тенеси, 20-на деца се здобиле со повреди, но не се во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.