| четврток, 6 декември 2018 |

Десетка за Антиќ и победнички кам-бек на Атланта од минус 23

Перо Антиќ по подолго време постигна двоцифрен поени, 10 и помогна Атланта хоукс да направи огромен пресврт и да го победи Бостон со 109-105.

Хоукс губеа со 23 поени разлика, дозволија во првата четвртина да примат 42 поени, а сепак на крајот славеа трета победа во серија. Македонскиот репрезентативец одигра 20 минути и учествуваше со сериозна ролја во пресвртот, дополнувајќи го учинокот од 10 поени со по 3 скока и асистенции.

Ноќеска во фокусот во НБА лигата беше враќањето на Кевин Дурент, кој го одигра првиот меч сезонава за Оклахома тандерс. Постигна 27 поени, а кам-бекот му го расипаа кошаркарите на Њу Орлеанс со победа од 112-104.

Резултати: Атланта – Бостон 109-105, Кливленд – Милвоки 111-108, Детроит – Л.А. лејкерс 96-106, Њујорк – Бруклин 93-98, Чикаго – Далас 129-132 (по продолженија), Њу Орлеанс – Оклахома 112-104, Денвер – Портланд 103-105, Сакраменто – Торонто 109-117, Голден стејт – Орландо 98-97.

antic boston

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top