Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денар, односно за 2 денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на евросупер БС-95 ќе изнесува 83,5 денари за литар, а евросупер БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. Евродизел се намалува за 1,5 денар и ќе чини 71 денар за литар.
Намалување за 1,5 денар има и кај екстра-лесното масло за домаќинство, чија цена ќе изнесува 59,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 денар за килограм и ќе изнесува 43,005 денари.
Корекцијата на цената на нафтените деривати е поради пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


