| четврток, 6 декември 2018 |

Ламбе Алабакоски доживеа сообраќајка на Плетвар

Утринава околу 10 часот, на превојот Плетвар, во близина на селото Раец, сообраќајна несреќа доживеа Македонскиот поп-пејач Ламбе Алабакоски.

Како што пишува прилепскиот портал 10без10, поради лошите услови на патот и влажниот коловоз, Алабакоски изгубил контрола и излетал од патот при што неговото возило завршило превртено на покрив.

Пејачот е жив и здрав, без потешки повреди, но неговиот Рено Меган е целосно уништен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top