| четврток, 6 декември 2018 |

Манири кои откриваат добро воспитано дете

­ Малите деца понекогаш едноствано не разбираат дека нивните постапки се непристојни. Затоа родителите се тука да ги научат на основните правила на убаво однесување.

Во џагорот на секојдневниот живот вработените родители немаат многу време кое би го посветиле на воспитување на своето дете. Сепак, за да бидат љубезни, децата мораат да имат начини кои се одраз на добро однесување.

Доколку сакате добро воспитано дете, тогаш потрудете се да го научите да:
­

– Рече „молам“ кога нешто бара, а „благодарам“ кога нешто добива;
– Да не прекинува возрасни во текот на разговорот, освен во итни случаеви. Зборот „извинете“ е најљубезниот начин да се вклучи во разговор;
– Не треба да го коментира физички изглед на други лица, освен ако со тоа упатува комплименти;
– Не треба да користи непристојни зборови;
– По одговорот на прашањето „Како си“, треба да одговори и возврати со истото прашање;
– Кога има двоумење околу нешто, прво треба да побара дозвола;
– Кога телефонира треба прво да се претстави, а потоа да праша дали може да разговара со лицето кое го бара;
– Кога поминува некое време кај своето другарче, треба да се заблагодари на неговите родители на убавото време поминато таму;
– Негативните ставови треба да ги задржи за себе;
– Пред влегување треба да тропне на врата и да чека одговор;
– Кога кашла или кива мора да ја покрива устата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top