| четврток, 6 декември 2018 |

Новата девојка на Џастин Бибер е ќерка на Болдвин

Justin Bieber

Веќе неколку години контроверзниот пејач Џастин Бибер постојано се смирува и се разделува со Селена Гомез, но тоа не му пречи да излегува со други девојки додека не се заедно.

Според извори блиски до Бибер, тој во 18-годишниот модел Хејли Болдвин нашол нешто поразлично од сите други со кои бил досега.

hailey-baldwin-lg-433x650

– Џастин има нова муза, и тоа е Хејли. Таа е различна од девојките со кои тој имал врска. Таа е многу забавна, борбена и не ја интересира неговата слава и богатството – открива пријател на пејачот пред „Холивуд лајф“ (HollywoodLife.com).

Дваесетгодишниот изведувач имал специјален однос кон Хејли, тој организирал патување, со што двајцата го прославиле роденденот на моделот.

–  На Хејли ѝ беше роденден на 22 ноември, па кога таа дојде во Њујорк, Џастин почна да ја разгалува и да се однесува со неа како со принцеза. Тој целосно ѝ беше посветен нејзе – додава изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top