Српската пејачка Светлана Ражњатовиќ – Цеца доаѓа на голем предновогодишен концерт во Скопје на 27 декември.
– Дека е добредојдена покажува фактот што вели дека 30 проценти од спортската арена „Борис Трајковски“ е веќе распродадена – велат организаторите „Балкан медија“.
За останатите слободни места, влезници на стандардните продажни места: Розе Веро 2, Камард Рамстор, Купикарти за се и низ сите локални плоштади во државата.
Цената на влезниците е:
партер стоење – 800,
фанпит – 1300 во ограничен број (само 300 влезници),
трибина блок 1 и 15 – 800 денари,
трибина блок 2, 4, 12 и 14 – 1300 денари,
трибина блок 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 – 1000 денари,
ВИП блок 3 – 1500 денари,
ГОЛД ВИП блок 13 – 2000 денари.
Резервации на 072 68 07 76.
Организиран е и превоз до салата од повеќето градови низ Македонија.
– Не е исклучена можноста на сцената со Цеца да се појават специјални музички гости, нејзини блиски пријатели и соработници. Со што концертот ќе добие префикс, идеална предновогодишна журка – велат организаторите.
Ражњатовиќ во моментов освен со последниот албум, актуелна е и со жирирањето во едно од најпознатите музички шоуа во регионот „Пинкови ѕвезди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


