Општина Илинден во соработка со Министерството за здравство и ЗЗМД – Здравствен дом Скопје, почна со активности за реализаирање на проектот „Изгрaдба на нова Јавна здравствена установа – Амбуланта во населено место Миладиновци“.
За таа цел Oпштината распиша отворен повик за изработка на Основен проект и ревизија за изградба на објектот Јавна здравствена установа–Амбуланта во населено место Миладиновци, каде што ќе се инкорпорираат и почитуваат сите важечки законски одредби, прописи и стандарди за градба на ваков објект од областа на здравството.
Локацијата на новата амбуланта ќе се наоѓа на местото на постоечката амбуланта која што е во многу лоша состојба и не ги задоволува потребите на граѓаните.
Со изградбата на новата амбуланта во Миладиновци, ќе се овозможат квалитетни услови за граѓаните, не само од населеното место Миладиновци, туку и на граѓаните од населните места Бујковци, Мршевци, Бучинци,Текија и Дељадровци, кои ќе можат да добијат квалитетни здравствени услуги.
Рок за поднесување на понудите е 4.12.2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дете итно пренесено во болница откако се обидело да вклучи канделабра
-
Минути го делеа момчето од смрт: Стакло му ја пресече артеријата на 11-годишно момче, Бјелогрлиќ го пикна во автомобил и го однесе во болница!
-
Амбулантата во Шуто Оризари добива гинеколог
-
Амбулантата на Итната медицинска помош во Дојран ќе работи нонстоп


