Повеќето фустани што ги гледаме на црвениот тепих за време на наградите „Оскар“, чинат меѓу 5.000-15.000 долари. Но, сепак, најпознатите актерки се шетаат во креации кои чинат повеќе од 50.000 долари. Накитот што го носат актерките, често е со вредност поголема од еден милион долари. Тоа значи дека дамите се облечени во вредноста на еден луксузен апартман.
Погледнете ги 15. најскапи фустани што се носени досега на доделувањето на „Оскар“:
15. Грејс Кели – 4.000 долари
Овој фустан ја чинел само 4.000 долари, но во 1955 година тоа бил најскапиот фустан во кој некој се појавил на наградите.
14. Анџелина Џоли – 10.000 долари
Прочуениот фустан е на Версаче и е шиен специјално за Анџелина. Актерката претера со позирањето, покажувањето гола нога и тоа беше причина за многу потсмев на интернет.
13. Кира Најтли – 39.094 долари
Кира Најтли го носеше овој фустан на Вера Ванг во 2006 година.
12. Сандра Булок – 40.000 долари
Булок се појави со овој фустан на церемонијата во 2014 година. Таа е на креаторот Александер Меквин. Таа беше прогласена за најдобро облечената ѕвезда на вечерта од многу изданија.
11. Камерон Дијаз – 62.500 долари
Дијаз го носеше овој фустан на креаторот Оскар де ла Рента, на церемонијата во 2010 година.
10. Ен Хатавеј – 80.000 долари
Фустанот, креација на Валентино, беше изборот на Хатавеј за церемонијата во 2011 година. Тоа не беше единствениот фустан за вечерта, актерката за време на шоуто се пресоблече осум пати.
9. Кејт Бланшет – 100.000 долари
Ако се додаде бижутеријата, ова е најскапиот тоалет на наградите „Оскар“ во историјата бидејќи заедно со бижутеријата вредноста е 18,1 милиони долари! Самиот фустан е на Армани.
8. Шарлиз Терон – 100.000 долари
Покрај прекрасниот фустан, Терон носеше накит на Хари Винстон во вредност од 4 милиони долари. Фустанот е креација на Диор.
7. Џесика Бил – 100.000 долари
Бил се појави со овој фустан на Шанел на овогодишните награди.
6. Кејт Винслет – 100.000 долари
Во 2007 година Винслет носеше фустан креација на Валентино. Многу списанија ја прогласија Кејт за ѕвезда на вечерта со најдобар стил.
5. Одри Хепберн – продадена на аукција за 131.292 долари
Со овој фустан Хепберн се појави на наградите во 1954 година. Овој фустан е продаден на аукција во 2011 година за 131.292 долари. Фустанот е на Едит Хед.
4. Елизабет Тејлор – продадена на аукција за 167.500 долари
Со овој фустан на Едит Хед, актерката се појави на наградите во 1970 година. Тој беше продаден на аукција во 1999 година.
3. Кејт Бланшет – 200.000 долари
Второ појавување на Бланшет во рангирањето. Со овој фустан на Армани таа се појави во 2007 година. Фустанот е покриена со кристали „сваровски“.
2. Никол Кидман – 2 милиона долари
Во 1997 година од „Кристијан Диор“ ѝ плати на Никол Кидман два милиона долари за да ја носи оваа креација на церемонијата.
1. Џенифер Лоренс – 4 милиони долари
Во 2013 година Лоренс блескаше во овој фустан на „Диор котур“. Качувајќи се на сцената, за да ја прими наградата, таа се сопна и падна, што беше една од најгледаните вести на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


















