Поранешниот играч на Работнички, Борче Маневски, е најблиску до наградата наменета за најдобар македонски фудбалер на годината во организација на Фудбалската федерација на Македонија.
Маневски беше еден од најзаслужните за двојната круна на „романтичарите“ во 2014 година и се радуваше и на шампионската титула и на трофејот во националниот куп.
Конкуренти за наградата ќе му бидат Благоја Тодоровски, кој сѐ уште настапува за Работнички, и Изаир Емини од Ренова. Гласањето ќе биде по електронски пат на веб-сајтот на ФФМ, а рокот е до 11 декември.
Номинации има уште за неколку категории, а наградите ќе бидат доделени на предновогодишната свеченост во организација на ФФМ закажана за 23 декември.
Еве ги сите номинирани во различни категории:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.