| четврток, 6 декември 2018 |

Српски економист: Банките незаконски наплаќаат 60 проценти повеќе на кредитите

kredit

Клиенти на банката при отплата на кредит даваат дури до 60 отсто повеќе од она што би требало бидејќи банката применува противзаконска пресметка на име на курсна разлика, затезни камати, надокнади, провизии и самоволно подигнување на каматата – вели за српски „Курир“ Зоран Тасиќ, менаџер на ризик, економист, судски вештак, овластен сметководител и ревизор.

– Кршејќи го Законот за облигациони односи, банката на кредит од 500.000 евра на граѓаните неосновано им наплаќаат 340.000 евра – вели Тасиќ.

Тасиќ, кој десетина години работел во Народна банка на Србија, а денеска се занимава со судски вештачења и е специјализиран за банкарство, предупредува дека, според важечките закони во Србија, незаконско е врзувањето на динарската рата со девизната и пресметувањето на курсна разлика, како пресметката на затезна камата пред денот на достасување бидејќи, според закон, може да се изврши наплата само по достасување. Незаконска, според него, е и наплатата на надокнада и провизија.

– Сето тоа е кршење на член од Законот за обликациони односи, според кој целата заработка на банката е содржана во месечните рати, односно во каматите кои се пресметани во тие рати. Каматата е, како и маржата во трговијата, ставка во која се содржани сите заработувачки и трошоци кои банката ги има. Банката, според член 150 од ЗОО, не може по два или повеќе основи да ги наплаќа своите побарувања, што значи дека ако ја наплатила каматата, а ја наплатила во ратата која ја одредила, секоје дополнително наплаќање е незаконско – вели тој.

-Банките во последните десетина години во Србија изнеле најмалку 30 милијарди евра, додека граѓаните на кои им одобриле кредити едвај преживувале врзувајќи крај со крај, а економијата трпела големи загуби.

banka-banke-krediti-gradani-kamate-prevara-1417478953-595173

Тасиќ посочува и пример  кога клиент на централната банка во Србија ја тужел банката поради незаконско однесување.

– Во случајот клиентот зел кредит од 53 милиони динари, а банката за вкупно три години му наплатила 96 милиони динари. Според член 1065 од Законот за облигациони односи можела да наплати 59,5 милиони. Разликата е 36,5 милиони динари, што е 60 проценти повеќе од износот што е дозволен – објаснува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top