Девојката за која српските медиуми пишуваа дека е убиена и исфрлена од автомобил, всушност загинала во сообраќаjна несреќа, објави српски „Курир“ повикувајќи се на полициски извори.
Најпрво се мислеше дека безживотното тело на девојката е исфрлено околу 18 часот од непознато возило на Сомборскиот булевар во Нови Сад во населбата Телеп. Според првите информации, настрадала Марија М. (28), била келнерка од блиските кафулиња.
Очевидци претходно тврдеа дека “прво се слушнало пукање, по што телото на девојката изненадно се појавило на десната колозна лента“.
Меѓутоа, според најновите информации, девојката била прегазена од теренско возило. Таа е исфрлена и паднала на улица, по што налетало такси возило и поминало преку неа. Таксистот веднаш застанал и се обидел да помогне, меѓутоа за жал било прекасно.
Брзата помош веднаш стигнала на местото на несреќата, но само констатирала смрт. Полицијата го блокирала местото, а истрагата е во тек.
Спорното возило се упатило кон Бачка Паланка, а министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ наредил сите полициски станици во Војводина да се приклучат во потрагата. Новосадските патроли буквално го блокирале градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.