| четврток, 6 декември 2018 |

Безживотно тело на девојка исфрлено од возило во движење

Портпаролката на Итната помош Др. Мирјана Бурсаќ изјавила за Блиц дека на телото на девојката е пронајдена видлива рана од огнено оружје.

– Лекарите на Итната помош на терен можеле само да ја потврдат смртта, а се уште не е познат идентитетот на жртвата. Повикот го добивме во 17:55 часот – вели Бурсаќ.

Сведоци изјавиле дека прво слушнале пукање, по што телото на несреќната девојка било исфрлено на патот од возило во движење.

Танјуг дознава дека најверојатно се работи за Марија М (28) која работела како келнерка во локален кафе бар. Возачот на автомобилот во кое е усмртена се наоѓа во бегство.

Во тек е сослушување на таксистот кој со неговото возило преминал врз телото на несреќната девојка.

Спорното возило се упатило кон Бачка Паланка, а министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ наредил сите полициски станици во Војводина да се приклучат во потрагата. Новосадските патроли буквално го блокирале градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top