Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Бугарија да побара отштета од Европската унија за изгубената добивка од проектот Јужен поток, пренесе ТАСС.
Позицијата на ЕУ за Јужен поток за Путин е „неконструктивна“ и затоа енергетските ресурси ќе бидат пренасочени кон други региони и кон проекти со течен гас.
– Бидејќи досега не добивме одобрение од Бугарија ние сметаме дека под овие услови Русија не може да продолжи со реализацијата на овој проект. Сега треба да почне изградбата на цевководот во Црно Море. Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека не добиеме одобрение од Бугарија – рече Путин на прес-конференцијата во Анкара по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.