| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ апелира американските војници да не објавуваат што работат на социјалните мрежи

Federal Agents Take Down Medicare Fraud Ring

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) апелира до американските војници да не објавуваат што работат на социјалните мрежи.

– ФБИ и Министерството за внатрешна безбедност препорачуваат поранешните и актуелните војници да ја повлечат секоја информација, која може да го привлече вниманието на Исламска држава и нејзините приврзаници – се посочува во соопштението.

Во соопштението се посочува и дека ФБИ неодамна добило информација дека лица во странство врбуваат луѓе кои се способни да извршат напади врз американски војници и поранешни војници.

ФБИ стравува од напади сличен на нападот врз канадските војници во октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top