Според информации на „Република“ вработените во зградата на Македонски Пошти која ја зафати силен пожар навреме успеале да ги напуштат работните простории и да се спасат од пламените јазици кои што брзо се прошириле. Скопската противпожарна единица ги ангажирала сите свои расположиви сили за да се угасен пожарот.
Заради пожарот беше исклучена електричната енергија во целиот блок околу Поштата. Нема повеќе пламени јазици од главната купола, тукау само густ чад.
Во кратка телефонска изјава, Рафиз Алити ни рече дека пожарот избил на третиот кат каде се наоѓа серверот на компјутерите. Сите биле на време евакуирани освен една жена за која морале да кршат врата, а потоа и прозор за да ја извадат.
„Пошта 1 и пошта 2 не се оштетени. Што се однесува до податоците и функционирањето, ние имаме резервна локација. Ќе функционираме нормално“, додава Алити за Курир.
Пожарот избувна околу 16.30 часот и ја зафати главната купола. Пожарникарите се обидуваат да ги спасат помошните згради. Пожарникарите пристигнаа со 9 возила, а до поштата се паркираа и две амбулатни возила. До овој момент не забележавме повредени.
Полицијата го блокираше мостот Гоце Делчев, како и улицата покрај Владата и околните улици. Чадот се издигаше скоро 50 метри и исфрлаше изгорени парчиња од поштата на стотина метри наоколу.
На лице место дојдоа градоначалникот Коце Трајановски и министерот Миле Јанакиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


