Водителот Марко Новевски со вентилатор го чистеше воздухот во центарот на Скопје. Дали се работи за нов телевизиски проект на кој работи или нешто сосема поинакво?
– Не се работи за нов ТВ проект, се работи за мојот град! Воздух полн честички вдишуваме секојдневно, несвесни дека всушност и самите можеме да придонесеме кон заштита на околината во која живееме. Па, затоа се одлучив за „ваква форма на чистење“ – па ако е потребно, секој ден ќе го правам истото! Нашиот град – од мене зависи! Од сите нас зависи! – вели Марко.
Можеби Марко ќе ги инспирира скопјани да размислат за начин на кој можат да му помогнат на градот. И не само да размислат, туку и да го применат тоа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.