| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште постои голем ризик од ширење на еболата

11-11-2014Banbury_EbolaШефот на мисијата на ОН, одговорен за борба против еболата во Западна Африка, Тони Банбури, изјави дека сѐ уште постои голем ризик од ширење на смртоносната болест и во останатите делови од светот.

Банбури одби да каже дали целите, кои ги постави во борбата против ебола, се исполнети.

– Постои голем ризик дека еболата може да се прошири и во останатите делови од светот. Некој би можел да влезе во авион во Азија, Латинска Америка, Северна Америка и во Европа и многу е важно што е можно побрзо случаите да се сведат на нула – истакна Банбури за „Би-Би-Си“.

Во октомври Банбури изјави во Советот за безбедност на ОН дека од 1 декември 70 проценти од сите оние што се заболени од ебола ќе мора да бидат под медицински третман, а 70 отсто од починатите да бидат безбедно погребани.

Тој нагласи дека речиси 70 проценти од целите се успешно исполнети во трите најтешко погодени земји од оваа болест – Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.

Досега од ебола починале 6.000 луѓе, а над 16.000 се заразени. Најновите податоци покажуваат дека од смртоносниот вирус неделно умираат меѓу 200 и 300 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top