Мајами хит не запира со победи и игра шампионски во НБА, а главните ѕвезди на тимот Џејмс и Вејд речиси постојано се во првите десет одбрани моменти. Ноќеска, Мајами победи по 18. пат во серија, а нова жртва беше Индијана. Леброн Џејмс даде најмалку поени сезонава, 13, но пак се најде во првите десет, со неверојатната блокада против Пол Џорџ. Сепак, првата позиција беше недостижна за „кралот“ Џејмс поради феноменалното забивање на Деандре Џордан од Лос Анџелес клиперс.
Резултати:
Оклахома – Бостон 91-79,
Л.А. лејкерс – Чикаго 90-81,
Мајами – Индијана 105-91,
Торонто – Кливленд 100-96,
Њу Орлеанс – Портланд 98-96,
Минесота – Далас 77-100,
Орландо – Филаделфија 99-91,
Сакраменто – Милвоки 113-115,
Л.А клиперс – Детроит 129-97
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


